дома Свет Рубио: Санкциите на САД не се насочени кон колумбискиот народ и економија

Рубио: Санкциите на САД не се насочени кон колумбискиот народ и економија

   Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека САД не сакаат санкциите воведени врз колумбискиот претседател Густаво Педро да му наштетат на колумбискиот народ и економијата на земјата.


Рубио им рече на новинарите во авионот, на пат од Израел до Катар, дека САД имаат „силна и трајна“ врска со колумбискиот народ и многу институции на оваа латиноамериканска земја, особено со безбедносните сили, пренесува Ројтерс.
„Не станува збор за тоа дека САД се против Колумбија“, рече Рубио, осврнувајќи се на санкциите што САД ги воведоа врз колумбискиот претседател Густаво Педро и неговото семејство во петокот, тврдејќи дека тој ги охрабрува „наркотерористите“.
Тој рече дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп презема такви чекори против странски лидер за кој верува дека станал непријателски настроен.
„Но, ние го одвојуваме од (народот на) Колумбија. Затоа не гледате никаква акција во царините. Бидејќи не сакаме да ја повредиме колумбиската економија“, рече Рубио.
Американската војска ги засили своите активности во јужниот дел на Карибите, каде што изврши неколку напади врз бродови во меѓународни води, тврдејќи дека превезуваат дрога.

ПредходнаДенеска силен јужен ветер, локален дожд и грмежи
СледнаСмотрич го повикува Израел да прогласи суверенитет над окупираниот Западен Брег