дома Свет Руски дронови и ракети го пречекаа германски министер во Киев

Руски дронови и ракети го пречекаа германски министер во Киев

Германската министерка за економија Катарина Рајхе беше принудена да се засолни во бункер за време на руските воздушни напади врз украинскиот главен град Киев синоќа, објави ДПА.

Руски дронови и ракети пречекаа германски министер во Киев„Тоа беше мачно искуство за мене, но за жал е тажен дел од секојдневниот живот на Украинците“, рече Катерина Рајхе на прес-конференција во саботата.

„ Вечерва уште еднаш многу јасно ми покажа дека руските напади врз украинското население имаат за цел да го исцрпат “, рече таа.

Во нападот загинаа најмалку две лица, а 12 други беа повредени.

Катерина Рајхе пристигна во Украина во петокот со економска делегација на посета што ќе трае неколку дена. Нападите врз системите за електрична енергија и греење непосредно пред почетокот на зимата се опасни, рече таа во Киев.

Катерина Рајхе ѝ вети на Украина помош во обновата на уништената енергетска инфраструктура.  Таа повтори дека Германија нема да го напушти украинскиот народ.

 Претседателот Володимир Зеленски објави дека Русија употребила девет балистички ракети, покрај десетици дронови, во ноќниот напад .

Од почетокот на годината, Русија испали речиси 770 балистички ракети и повеќе од 50 крстосувачки ракети кон неговата земја.

ПредходнаКац: 60 проценти од тунелите на Хамас под Појасот Газа сè уште не се уништени
СледнаЦИК во Приштина ги објави конечните резултати од локалните избори во 35 општини