Тричлено семејство загина во тешка сообраќајна несреќа во Белград кога во нивното возило удрило друго возило управувано од 24-годишеник кој бил под дејство на алкохол.
Радио телевизија Србија (РТС) соопшти дека е уапсен 24-годишниот Н.Ѓ. под сомнение дека со 1.17 промили алкохол предизвикал сообраќајка.
Сообраќајката се случила кога два автомобила „ауди“ и „хундаи“ се судриле на аголот од улиците „Омладинска бригада“ и „Булевар на хероите од Кошара“ во Нов Белград.
Во несреќата загинале маж (1982), жена (1987) и дете (2016), а совозачот во „аудито“ е пренесен во Ургентниот центар.
– Возачот на Аудито, Н. Ѓ. (2001), државјанин на Босна и Херцеговина, е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз. Утврдено е дека возел под дејство на алкохол од 1,17 промили“, соопшти српската полиција.




