Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина ги објави конечните резултати од локалните градоначалнички избори во 35 општини.

Резултатите од изборите одржани на 12 октомври не се објавени за Приштина, Јуник и Мамуша, бидејќи жалбите сè уште се разгледуваат.
Српската листа победи на градоначалничките избори во девет од 10 општини со српско мнозинство – Звечан, Лепосавиќ, Зубин Поток, северниот дел на Косовска Митровица, Грачаница, Штрпце, Ранилуг, Ново Брдо и Партеш, додека во Клокот нејзиниот кандидат ќе оди во вториот круг на изборите на 9 ноември.
Кога станува збор за албанските партии, кандидатите од Самоопределување победија во Подуево, Штимле и Косовска Каменица, а кандидатите од Демократската лига на Косово во Липјан и Исток.
Во Скендерај, Џенерал Јанковиќ и Феризај, победија кандидатите на Демократската партија на Косово, а во Дечани и Клина, кандидатите на Алијансата за иднината на Косово.
Во Малишева победи кандидатот на партијата Нисма.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 9 ноември во Ѓаковица, Гњилане, Драгаш, Качаник, Клина, Фуше Косово, Јужна Митровица, Обилиќ, Ораховац, Пеќ, Приштина, Призрен, Сухарека, Вити, Вуштри, Јуник, Мамуша и Клокот.




