Турското Министерство за надворешни работи (МНР) објави дека, како одговор на неодамнешните настани во Црна Гора, презело мерки за да ја обезбеди безбедноста на турските граѓани и е во постојан контакт со црногорските власти.
На веб-страницата на турското МНР е наведено дека во Црна Гора во текот на изминатиот викенд се случиле „некои вознемирувачки инциденти што ги погодија и нашите граѓани“, пишува Вијести.
„Веднаш по избувнувањето на настаните, воспоставен е контакт со црногорските власти и преземени се потребни мерки за заштита на нашите граѓани“, се вели во соопштението.
Турци избодеа млад човек во Подгорица. Подгоричани демолираа турски ресторан, запалија автомобил
Министерството додаде дека внимателно ја следи ситуацијата: „Развојот на настаните внимателно се следи од сите аспекти, а контактите и координацијата со црногорските власти се одржуваат континуирано“, соопшти турското МНР.
Полицијата во Подгорица ги уапси азербејџанскиот државјанин Ј. Г. (31) и турскиот државјанин Н. Д. (54), осомничени дека пред две ноќи го повредиле М. Ј. во подгоричката населба Забјело.





