дома Македонија Во вториот круг ќе се гласа во 33 општини

Во вториот круг ќе се гласа во 33 општини

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември ќе се одржи во 33 општини, соопшти Државната изборна комисија која ги објави конечните официјални резултати од првиот круг на изборите.
Втор круг ќе има во Аеродром, Карпош, Центар, Град Скопје, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари…..
На три избирачки места во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето за избор на советници откако Управниот суд ги поништи резултатите поради утврдени нерегуларности.
Во четирите општини каде во првиот круг не беше постигнат цензус од минимум една третина излезност, а тоа се општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, ќе биде повторена изборната постапка за избор на градоначалник, но тоа ќе се случи по завршување на вториот круг на изборите, односно по објавувањето на конечните резултати од локалните избори.

ПредходнаХороскоп за вторник: Сè е забавено, освен стресот што ве поздравува наутро
СледнаВладата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 проценти, инфлација 2,5