Државната изборна комисија денеска се очекува да ги објави целосните конечни резултати од гласањето од првиот круг на локалните избори.
Првиот круг се одржа на 19 октомври, а оваа недела, на 2 ноември треба да се одржи вториот круг во оние општини каде не беа избрани градоначалници.
Втор круг ќе има и за Град Скопје каде во трката за градоначалник влегуваат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и кандидатот на Левица Амар Мециновиќ.




