Дојави за поставени експлозивни направи попладнево се добиени во неколку училишта во Скопје и Куманово.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во тек се проверки од страна на полициските службеници.
Во полиција случаите се регистрирани околу 18 часот.
– Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на електронските адреси во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта, информира МВР.




