дома Култура „Животот е краток и нејасен“ вечерва на „Ин Виница веритас“

„Животот е краток и нејасен“ вечерва на „Ин Виница веритас“

  Во рамките на годинашното издание на фестивалот на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“ вечерва ќе биде одиграна театрската претстава „Животот е краток и нејасен“ на Алтернативен театар „Отпишани“ од Скопје во режија на Гжегож Кемпински, најавуваат од ДК „Тошо Арсов“ од Виница. Претставата започнува во 20 часот. Главните улоги ги играат Гоце Тодоровски, Благој Чоревски, Марија Лазарова, Јасмин Рамани, Кирил Трајковски – Максим и Ивана Стамевска.

„Животот е краток и нејасен“ вечерва на „Ин Виница веритас“„Ин Виница веритас“ започна на 24 октомври со изложба од карикатури што учествуваа на конкурсот распишан на тема: „Кој последен се смее…“. Оваа престижна манифестација ја отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Годинашното издание на „Ин Виница веритас“ завршува утревечер со стенд ап комедијата на Надица Петрова од Театарот „Златен елец“.

Сите претстави се играат во Сината сала на Општина Виница.

ПредходнаСо еврообврзница од 950 милиони евра ќе се финансира јавниот долг за следната година
СледнаМНТ со „Народен пратеник“ ја освои главната награда на фестивалот „Борини позоришни дани“ во Србија