дома Свет Лабуристите на најнизок рејтинг во историјата, Реформ УК и Зелените на историски...

Лабуристите на најнизок рејтинг во историјата, Реформ УК и Зелените на историски максимум

 Лабуристичката партија на британскиот премиер Кир Стармер го забележа својот најнизок рејтинг во историјата, додека најпопуларната партија во Велика Британија моментално е Реформ УК, Зелените се на историски максимум, според анкетата на YouGov објавена денес.

Исто така, покажа дека само 17 проценти од Британците рекле дека би гласале за Лабуристите доколку изборите се одржат утре, објави Блумберг.
Десничарската популистичка партија на Најџел Фараж, Реформ УК, има 27 проценти поддршка, додека Зелените постигнаа рекордни 16 проценти, што е нивниот највисок рејтинг откако започна серијата анкети на YouGov во 2001 година.
Конзервативците се изедначени со Лабуристите на 17 проценти, додека Либералните демократи имаат 15 проценти.
Анкетата, во која пет партии достигнаа најмалку 15 проценти поддршка, фрла светлина врз сè поподелениот политички пејзаж во Велика Британија, соопшти Блумберг.
Иако Стармер не мора да распише нови општи избори до средината на 2029 година, анкетата открива сериозен предизвик за Лабуристите од сите страни, со оглед на претстојните локални избори во мај, кои би можеле да играат клучна улога во неговата политичка судбина.

Откако „Реформ УК“ доминираше на локалните избори во мај, Стармер се обиде да ја намали заканата што ја претставува партијата, користејќи остра реторика за миграцијата.

Сепак, подемот на Зелените, предводени од Зик Полански, кој се претставува како левичарски популистички контранапад на Фараж, со јасни пораки за оданочување на богатите и ефикасно користење на социјалните медиуми, покажува дека Лабуристите ризикуваат да изгубат гласови и на левицата.

ПредходнаГерманските граѓани штедат помалку, но многу повеќе во споредба со другите земји
СледнаРуски аналитичар за НИС: Пораката на Вучиќ се толкува како ултиматум до Москва