
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Б., на работно место „самостоен инспектор“ во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 став 3, а во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност – суспензија, одземање на службеното оружје и муницијата и упатување на задолжителен психијатриски и психолошки преглед.




