Премиерот на Онтарио, Даг Форд, одби денес да се извини за телевизиската реклама против царините што американскиот претседател Доналд Трамп ја наведе како причина за прекин на трговските разговори со Канада, опишувајќи ја како „најдобрата реклама што некогаш се емитувала“.

„Ја постигнавме нашата цел, започнавме разговор меѓу американскиот народ и нивните избрани претставници и тоа каков разговор“, им рече Форд на новинарите во парламентот на Онтарио во Торонто, додавајќи дека тоа е „најдобрата реклама што некогаш се емитувала“, објави Блумберг.
Владата на Онтарио емитуваше реклама на американската телевизија во која цитираше делови од говор од 1987 година во кој тогашниот американски претседател Роналд Реган се изјасни против царините.
По разговорите со канадскиот премиер Марк Карни, Форд се согласи да престане да ја емитува рекламата, но дури откако ќе се емитуваше во петок и сабота за време на финалето на Главната бејзбол лига.
Онтарио, дом на речиси 40 проценти од населението на Канада и најголемата економија во земјата, е особено силно погоден од царините на Трамп врз автомобилската индустрија, рече Форд.
Тој рече дека производителите на автомобили ги одложиле планираните инвестиции поради неизвесноста околу трговските односи со САД.
„Добивме огромна видливост, милиони луѓе ја видоа рекламата, делумно поради реакцијата на Трамп“, рече Форд, додавајќи дека премиерот Карни и неговиот кабинет биле запознаени со содржината на рекламата пред да се емитува.
Форд ги отфрли тврдењата на Фондацијата Реган дека рекламата била погрешна, велејќи дека била ангажирана американска адвокатска фирма за да ја одобри нејзината содржина.
„Тие можат да прават што сакаат, но нема да го добијат овој случај“, рече премиерот на Онтарио.
Претседателот на САД Трамп претходно објави дека ги зголемува царините за Канада за 10% како одмазда за антитарифната реклама спонзорирана од владата на Онтарио.
Претседателот на САД Трамп претходно објави дека ги зголемува царините за Канада за 10% како одмазда за антитарифната реклама спонзорирана од владата на Онтарио.
„Поради сериозно погрешно претставување на фактите и непријателски чин, ги зголемувам царините за Канада за 10% над царините што тие моментално ги плаќаат“, напиша Трамп во објава на неговата мрежа Truth Social.
Тој, исто така, ја нарече рекламата измама и рече дека „единствената цел“ е „надежта на Канада дека Врховниот суд на САД ќе ги „спаси“ од царините што ги користат за да им наштетат на Соединетите Држави со години“.




