дома Свет Русија се заканува дека ќе ги „уништи“ странците што се борат за...

Русија се заканува дека ќе ги „уништи“ странците што се борат за Украина

Руските војници постојано слушаат странски јазици што ги зборуваат оние што се борат за Украина на фронтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од Ројтерс.

Русија се заканува дека ќе ги „уништи“ странците што се борат за УкраинаТој вети дека таквите борци ќе бидат „уништени“.

Русија долго време тврдеше дека трупите на НАТО се во Украина и дека нејзините служби за прислушување постојано откривале дека се зборува англиски и француски јазик на фронтовските линии.

 Воениот сојуз предводен од САД вели дека ја поддржува Украина, но не распоредил војници таму. Сепак, извештаите на американските медиуми укажуваат дека американските и водечките европски разузнавачки агенции имаат значително присуство во Украина.

„Нашата војска слуша странски говор, тие постојано слушаат странски јазици на фронтот “, истакна Песков како одговор на прашање за наводите дека Франција се подготвува да распореди трупи во Украина.

„Значи, овие странци се таму, ние ги уништуваме. Нашата војска ќе продолжи да си ја врши својата работа “, увери тој.

ПредходнаРуски аналитичар за НИС: Пораката на Вучиќ се толкува како ултиматум до Москва
СледнаМЖСПП: Пластичниот отпад во Вардар е поради незадоволителното ниво на комунални услуги од страна на операторите