дома Локално Срам ! Вардар кај тетовско Копанце преплавен со илјадници пластични шишиња

Срам ! Вардар кај тетовско Копанце преплавен со илјадници пластични шишиња

Ова веќе  не е прашање на институциите, туку (НЕ)културата на граѓаните.Никој неможе да исчисти толку колку несовесните , макар и со пластични шишиња можат да загадат.Ова е вистинсски срам за тетовчани и тие кои живеат по течението на реката.

Вчера попладне, на локалните медиуми од Тетово, се појави видео кое покажува дека реката Вардар е преплавена со пластични шишиња кои слободно пливаат по текот на реката.

Стотици или илјадници пластични шишиња фрлени во реката Вардар, ситуацијата е забележана во близина на Копанце, пишува Тетово инфо на социјалните мрежи.

Ова ѓубриште ќе дојде до Скопје, каде Вардар, исто така е со натрупано ѓубре, кое и патките едвај го избегнуваат. Деновиве може да очекуваме само дополнително влошување на состојбата затоа што природата со надојдените доѓдови и води сама се чисти од несовесноста на загадувачите.

ПредходнаСДСМ до ДИК и ОБСЕ: Пријавени изборни притисоци и поткуп од страна на ВМРО-ДПМНЕ
СледнаОбвинителството со детали за апсењето на директорот на Комунална хигиена, познато е за кое дело го сомничат