дома Свет 2.000 луѓе протестираа во Лајпциг во поддршка на мигрантите

2.000 луѓе протестираа во Лајпциг во поддршка на мигрантите

Околу 2.000 луѓе протестираа во југоисточниот германски град Лајпциг против неодамнешните забелешки на канцеларот Фридрих Мерц за  миграцијата и урбаните проблеми, јавува ДПА.

Иако организаторите очекуваа околу 1.000 учесници, полицијата објави дека околу 2.000 демонстранти се собрале на пазарниот плоштад под слоганот „Јасен став против Мерц! Разновидноста останува“.

Учествуваа луѓе од различни генерации , како и претставници и поддржувачи на анти-десничарски иницијативи.

Некои носеа рачно изработени постери со слогани како „Срце наместо Мерц“ (зборовите  се римуваат на германски).

Полицијата го придружуваше собирот, кој, според нив, помина „без никакви значајни инциденти“.

Протести против забелешките на Мерц се одржаа низ целата земја. Демонстрации се одржаа во неколку градови во текот на викендот. Полицијата соопшти дека околу 2.600 луѓе се собрале во Хамбург во саботата, додека околу 300 протестирале во Магдебург и околу 200 во Бон во неделата.

Во родниот град на канцеларот, Арнсберг, во регионот Зауерланд во западна Германија, околу 150 луѓе демонстрираа во саботата.

На 14 октомври, Мерц рече дека владата се справува со минатите неуспеси во миграциската политика и постигнува напредок, „ но сè уште го имаме овој проблем со тоа како изгледаат нашите градови, се разбира, и затоа Сојузниот министер за внатрешни работи олеснува и спроведува депортации од големи размери“.

Во среда тој појасни дека проблемите се предизвикани од мигранти кои немаат статус на постојан престој , не работат и не ги почитуваат правилата во Германија.

ПредходнаШведска ќе ги затвора и 13-годишниците за кривични дела
СледнаФон дер Лајен: ЕУ изразува целосна солидарност со Литванија во врска со хибридните закани