Триесет дена притвор добија директорот на „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми и раководителот на сектор во претпријатието. Тие се сомничат за кривично дело – загрозување на животната средина со отпад согласно член 230 од Кривичниот законик.
– Согласно решението на судот, за осомничените С. Р. и А. С., вработени во ЈП ‘Комунална хигиена‘, мерката притвор е определена заради постење на основите од чл. 165 ст. 1, точка 2 и 3 односно Опасност да ја попречи истрагата или да влијае врз сведоци и Можност да го повтори делото, соопшти Кривичниот суд.
Против овие решенија странките имаат право на жалба.




