Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети земја-земја западно од Корејскиот Полуостров, објави државната новинска агенција КЦНА, токму во време кога американскиот претседател Доналд Трамп и другите лидери се собраа во Јужна Кореја на регионални состаноци.
Крстосувачките ракети беа испалени вертикално и летаа околу два часа по однапред одредена рута за да ја погодат целта, објави севернокорејската новинска агенција KCNA. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун не беше присутен на лансирањето.
Трамп треба да пристигне во јужнокорејскиот град Гјонгџу денес за да им се придружи на другите шефови на држави и бизнис лидери кои учествуваат на форумот за азиско-пацифичка економска соработка на разни самити и состаноци. Се очекува тој да разговара и со кинескиот претседател Си Џинпинг подоцна оваа недела.




