Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука согласно која дизелот од полноќ поскапува за два денари, а цената на бензините останува иста.
Со тоа, од полноќ дизелот ќе се продава по цена од 70 денари за литар.
Цените на останатите нафтени деривати остануваат исти како од понеделникот, 27 октомври.




