Во украинскиот град Константинивка, руски беспилотен авион од типот ФПВ се обиде да ја нападне прес-екипата, но портпаролот на 24-та бригада го спречи тоа со брза реакција, соопшти украинската армија.
Инцидентот се случил додека новинар од холандскиот весник „Хет Недерландс Дагблад“ ги снимал урнатините на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, оштетена во претходните руски напади.
Додека снимателската екипа ја документирала штетата, руски дрон одеднаш долетал кон нив. Портпаролот на 24-та бригада, Олег Петрасјук, ја забележал заканата и испукал со пушката. По неколку истрели, тој успеал да го собори дронот.
Целиот настан е снимен на видео, кое го прикажува моментот кога Петрасјук забележува и соборува дрон до оштетената црква.




