– Уште една продавница во сопственост на турски државјанин беше запалена синоќа во Херцег Нови.

Продавницата се наоѓа во центарот на градот, пожарот е изгаснат од пожарникари и е спречен да се прошири на околните продавници.
Полицијата спроведува истрага, се очекува официјално соопштение, објави порталот РТЦГ.
Пожарот, додаваат тие, е пријавен во 1:55 часот, а е локализиран во зори во четири часот. Се сомнева дека е запален, што ќе го утврди екипа што доаѓа од Подгорица.




