дома Свет Холандија: Лидерот на крајната десница разочаран од изборниот резултат на неговата партија

Холандија: Лидерот на крајната десница разочаран од изборниот резултат на неговата партија

Холандскиот лидер на крајната десница Герт Вилдерс вечерва изјави дека е разочаран од изборниот резултат на неговата Партија на слободата (PVV) и нагласи дека веројатно нема да биде дел од следната влада ако се потврди изборната победа на центристичката партија Д66.


„Како победник на изборите, лидерот на Д66, Роб Јетен, би ја презел водечката улога во формирањето влада, која веројатно би ја исклучила PVV. Тој ќе има силна опозиција во нас“, рече Вилдерс, објави Ројтерс.
Излезните анкети покажаа дека партијата на Вилдерс ќе освои 25 места на изборите, а Д66 27.
Популарноста на 38-годишниот Јетен, лидер на Д66, порасна во изминатиот месец за време на кампањата што ја водеше со краткиот слоган – „Да, можеме“, ветувајќи крај на политичката ера доминирана од Вилдерс.
На овие избори се регистрирани вкупно 27 политички партии и 1.166 кандидати, кои се натпреваруваат за 150 места во Претставничкиот дом, а околу 13,5 милиони граѓани во Холандија имаат право на глас.

ПредходнаЗатворањето на владата на САД ја чинеше американската економија досега 18 милијарди долари
СледнаИталијанскиот суд на ревизори го прекинува проектот за мост што го поврзува копното со Сицилија