дома Македонија Економија Американските санкции со влијание и во Македонија – Лукоил итно ги продава...

Американските санкции со влијание и во Македонија – Лукоил итно ги продава бензиските пумпи

 

Странските подружници на компанијата Лукоил вклучувајќи ја и македонската ќе се продава на групацијата Гунвор од Кипар. Информација официјално ја објави руската нафтената компанија – откако САД минатата недела одлучи да и воведе санцкии.

Како што пренесоа светските медиуми – Лукоил ја прифатил понудата од „Гунвор“ – обврзувајќи се да не преговара со други потенцијални купувачи. Во меѓувреме бензиските станици на Лукоил Македонија деновиве работаат непречено.

Од Регулаторната комисија за енергетика, велат дека во компанијата нема проблеми и истата редовно се снабдува со деривати. Секоја наредна одлука поврзана со Лукоил нема да има влијание врз нафтениот пазар во Макеоднија, вели првиот човек на регулаторна Бислимовски.

И од Владата за ТВ 24, велат дека не очекуваат американските санкции да имаат влијание врз снабдуавњето со нафтените деривати. Но, глобално како што посочуваат  може да имаат секундарен ефект – со оглед дека се очекува пораст на берзанските цени.

Влада

– Во иднина ако санкциите кон Lukoil се засилат глобално и прифатат од ЕУ, ќе треба да се следат ефектите како ќе се одразат на локалните компании во МК, дали ќе има замрзнување на средства, ограничување на логистичките мрежи, или промени во уделот на компанијата во пазарот на МК.Оттука, снабдувањето со нафтени деривати на МК ќе остане стабилно, цените можеби ќе имаат мал раст, но нема да дојде до крупно нарушување — поради низата алтернативи во увозот.

„Гунвор“ е компанија стара 25 години. Се смета за една од најблиските бизнисмени до Владимир Путин. Таа се здоби со популарност како најголем трговец со руска нафта во светот.

Меѓу неговите акционери во тоа време беше и Генадиј Тимченко, близок сојузник на Путин, кој го продаде својот удел во „Гунвор“ откако САД го таргетираа со санкции по анексијата на Крим од страна на Русија во 2014 година.

На 23 октомври, САД објавија санкции против „Лукоил“ и „Роснефт“, најголемите извозници на руска нафта. Ограничувањата беа воведени и за самите компании и за 34 нивни подружници.

Лукоил во земјава е дел од Балканска меѓурегионална група на компании. Врши продажба на големо и мало на нафтени деривати, а во Македонија е присутна од 2005 година со над 40 бензински станици.

TV24

ПредходнаГрчка авиокомпанија ќе започне со директни летови до Багдад од декември
СледнаМаж од Флорида осуден за убиство на бремена жена која одбила абортус