дома Македонија Политика Села го демантира Меџити- нема да биде во Владата

Села го демантира Меџити- нема да биде во Владата

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во објава на Фејсбук ја оценува изјавата на Изет Меџити како невистинита.


– Вие во комуникација со мене – НЕ. Јас како дел од Владата – Не. Јас на страната на оние кои сакаат да ги поништат нашите права како народ – НЕ, вели Села.
Лидерот на ВРЕДИ Изет Меџити во телевизиско гостување вчера рече дека не ја негира можноста за влез на Села во Владата затоа што политичката сцена кај албанските партии е „измешана“.
– Не го негирам тоа, Може да биде, рече Меџити, додавајќи дека комуницира со Села.

ПредходнаКумановка платила 2.000 евра за патување, но наместо билет добила молк од скопска туристичка агенција
СледнаДоналд и Меланија Трамп со уште еден судир на мислења – еве ја причината