дома Свет Американскиот Сенат гласаше за отфрлање на глобалните тарифи на Трамп

Американскиот Сенат гласаше за отфрлање на глобалните тарифи на Трамп

Американскиот Сенат во четврток гласаше за укинување на глобалните тарифи што ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп врз повеќе од 100 земји.


Резолуцијата за укинување на „реципрочните“ тарифи беше усвоена со 51 глас „за“ и 47 „против“, со поддршка на четворица републикански сенатори кои им се придружија на демократите, објавува АП.
Ова е трет пат оваа недела републиканците да гласаат со демократите за мерки поврзани со тарифите, откако претходно ја поддржаа елиминацијата на тарифите за стоки од Бразил и Канада.
Гласањето се случи во време кога Трамп ја завршува посетата на Азија, каде што постигна договор со Кина за намалување на тарифите за кинески стоки и зголемување на кинеските купувања на американска соја.
И покрај одлуката на Сенатот, аналитичарите велат дека е малку веројатно Претставничкиот дом да преземе сличен чекор, бидејќи републиканците во тој дом усвоија правило претходно оваа година кое спречува гласање за резолуции за тарифи.

ПредходнаНа принцот Ендру сега му се одземени сите титули
СледнаЦрна Гора: Укинат притворот на азербејџанските и турските државјани