дома Свет Балкан Во Белград уапсен осомничен за повикување на насилни уставни промени

Во Белград уапсен осомничен за повикување на насилни уставни промени

Полицијата во Белград   го уапси М.В. (48) од тој град под сомнение дека сторил кривично дело повикување на насилни уставни промени преку социјалната мрежа ТикТок, објави вечерва Министерството за внатрешни работи.


М.В. е осомничен за снимање и објавување видео клип на социјалната мрежа ТикТок во кој повикува на насилни уставни промени во Србија, имено соборување на највисоките државни органи, или претставници на тие органи, на 1 ноември.
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Белград со кривична пријава.

ПредходнаЦрна Гора: Укинат притворот на азербејџанските и турските државјани
СледнаСтејт департментот им нареди на вработените кои не се неопходни да го напуштат Мали