дома Локално Времето во Македонија: Умерено облачно и студено, нов бран врнежи од понеделник

Времето во Македонија: Умерено облачно и студено, нов бран врнежи од понеделник

Од понеделник попладне следува нова промена на времето. Над нашето подрачје ќе навлезе влажен и поладен воздушен бран од северозапад, кој ќе донесе врнежи од дожд и пад на температурите. 

Во овие ноќни часови низ целата земја преовладува умерено облачно и релативно студено  време, со тивки услови и без значаен ветер. Температурите се спуштени под сезонскиот просек, а во некои котлини веќе се забележува и слаба магла.

Стабилните временски услови ќе продолжат и во текот на викендот, кога се очекува сончево и пријатно топло време преку ден, со утрински температури од 2 до 7 степени, а дневни до околу 20°C.

Меѓутоа, од понеделник попладне следува нова промена на времето. Над нашето подрачје ќе навлезе влажен и поладен воздушен бран од северозапад, кој ќе донесе врнежи од дожд и пад на температурите.

Според прогнозите, најпрво врнежи ќе има во западните предели, а потоа дожд ќе се прошири и во останатиот дел од земјата. Во вторник дожд ќе има во најголем дел од Македонија, а локално врнежите ќе бидат пообилни, особено во Пелагонија, Полошко и делови од Скопската котлина.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а со навлегувањето на студениот бран, дневните температури ќе се спуштат за 5 до 8 степени.

ПредходнаМециновиќ го предизвика Орце на дебата на Телма , за денеска, доколку навистина бил спречен поради митингот
СледнаАнти-Вилдерс, оптимист и прагматичар. Кој е Роб Јетен, победникот на холандските избори?