Се очекува годишната инфлација во еврозоната да изнесува 2,1 процент во октомври, што е намалување во однос на 2,2 проценти во септември, објави Евростат.

Оваа бројка е блиску до целта на Европската централна банка од два процента.
Статистичката канцеларија на Европската унија, анализирајќи ги главните компоненти на инфлацијата во еврозоната, предвидува дека цените во секторот на услуги ќе имаат највисока годишна стапка во октомври од 3,4 проценти, што е зголемување во однос на 3,2 проценти во септември.
Храната, алкохолот и тутунот се следни со стапка од 2,5 проценти, во споредба со 3,0 претходниот месец, индустриските стоки со 0,6 проценти (наспроти 0,8 проценти) и енергијата со 1,0 процент (минус 0,4 проценти во септември).




