Амар Мециновиќ кандидатот за градоначалник од Левица го предизвика Орце Ѓорѓиевски кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на дебата на Телма денеска доколку навистина бил спречен поради митингот .
Синоќа требаше да се одржи дебата меѓу мене и Орце Ѓорѓиевски на покана на ТВ Телма, која тој пред два дена ја прифати пред очите на целата македонска јавност, за потоа да ја откаже. Во мало несогласување со уредништвото на телевизија Телма, кое професионално се обиде да ја организира дебатата од која владиниот кандидат избега, а притоа не беше нагласена можноста за мое поединечно интервју, дојде до оваа нова вест која сега циркулира во јавноста, за што не е виновна ниту една страна“, пишува Мециновиќ и додава:
„Сметам дека во духот на добрите принципи на соработка и позитивната атмосфера на демократскиот процес, како и во интерес на нашите граѓани, можеме да се обидеме уште еднаш, со телевизија Телма, да закажеме дебата на која Владиниот Кандидат ќе дојде, доколку се прибрал од синоќешниот митингот Во секој случај, јас сум достапен да дојдам и сам денеска во ТВ Телма.
Инаку, за потсетување денеска го организираме и Вториот скопски марш и почнуваме од 9 часот кај споменикот на кружниот тек во Ѓорче. Се гледаме “.
Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓоргиевски, преку порака на социјалните мрежи порача дека нема да се појави на дебатата со противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ, договорена на ТВ „Телма“.
Во објавата Ѓорѓиевски наведе дека во тој термин е завршниот митинг од неговата кампања во Скопје.
Тв Телма објави објаснување дека уредно сите биле поканети и дека дебатата не можела да се оддржи поради откажувањето на кандидатите

Во интерес на вистината би сакале да потенцираме дека Телевизија Телма има еднаков, доследен и професионален однос кон сите кандидати на локалните избори. Оваа наша реакција доаѓа по вечерашната објава на личниот ФБ профил на лидерот на Левица Димитар Апасиев. Тој ја обвини Телма дека не му дозволила на кандидатот за градоначалник Амар Мециновиќ да се појави на интервју на Телма, откако против кандидатот Орце Ѓорѓиевски ја одби поканата за дебата.
Вистината е сосема поинаква. По одбивањето на дебатата од Ѓорѓиевски, уредниците на Телма зборуваа со Мециновиќ, при што му беше понудено да дојде на интервју, истиот ден за кога беше закажана дебатата, по истиот принцип на кој гостуваа и други кандидати. Мециновиќ културно се заблагодари на нашиот професионален однос, но не ја прифати поканата.
Што се однесува до дебатата што планиравме да се одржи на ТВ Телма, потенцираме дека ние не ја најавивме дебатата, затоа што до последен момент чекавме потврда од двајцата кандидати. Поканата веднаш ја прифати Мециновиќ, а Ѓорѓиевски во текот на вчерашниот ден испрати известување дека нема да гостува.