Над 200 филијали на грчката пошта (Хеленска пошта или ЕЛТА) ќе престанат со работа од 3 ноември. Ова го објави грчкиот весник „Катимерини“.
Вкупно 204 од 456-те пошти ќе престанат со работа. Ова претставува околу 45% од вкупната мрежа во земјата.
Грчката пошта истакнува дека станува збор за филијали со ограничен сообраќај и ниска комерцијална активност, што го прави нивното затворање неопходно.
Сепак, според „Катимерини“, не сите канцеларии на ЕЛТА што ќе бидат затворени биле во загуба.




