Триесет и тригодишен скопјанец е осомничен дека во периодот од 5 до 30 октомври повеќепати упатувал сериозни закани кон поранешната партнерка.
Преку писмени и говорни пораки на социјална мрежа тој и се заканувал, вршејќи семејно насилство, а загрозувањето на сигурноста особено се интензивирало откако таа си заминала од неговиот дом, бидејќи била постојано изложена на закани и навреди.
На 30 октомври, пред една клиника каде девојката била сместена на лекување почнал агресивно да се однесува и да се заканува дека ќе го убие нејзиниот брат. Почнал да ја тегне за рака оштетената и да ја принудува да оди повторно со него во неговиот дом, со што кај неа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Од страна на јавниот обвинител доставен е предлог за определување мерка притвор.




