дома Свет Трамп: САД ќе продолжат со нуклеарните тестови

Трамп: САД ќе продолжат со нуклеарните тестови

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека САД ќе продолжат со нуклеарните тестови, не исклучувајќи ја можноста за подземни тестови.

Трамп не одговори директно на прашањата од новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на летот за Флорида дали ова ќе вклучува традиционални подземни нуклеарни тестови што беа вообичаени за време на Студената војна.
„Наскоро ќе дознаете, но ќе направиме некои тестови“, рече Трамп.
Трамп во четврток изјави дека ѝ наредил на американската војска веднаш да го рестартира процесот на тестирање на нуклеарно оружје по 33-годишна пауза.
Трамп го објави ова на својата социјална мрежа „Трут Сошнал“ додека беше во хеликоптер пред средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг во Бусан, Јужна Кореја, со кого разговараше за трговијата меѓу САД и Кина.
Ниедна нуклеарна сила, освен Северна Кореја во 2017 година, не спровела експлозивни нуклеарни тестови повеќе од 25 години.

ПредходнаБразил: Седум членови на бандата убиени во престрелка со полицијата
СледнаВучиќ: Уште еднаш повикувам на дијалог, утрешниот ден треба да нè обедини