дома Свет 11 лица осудени на доживотен затвор поради пожар во хотел во турски...

11 лица осудени на доживотен затвор поради пожар во хотел во турски скијачки центар

Единаесет лица се осудени на доживотен затвор во врска со пожарот во јануари во луксузен хотел во популарното скијачко одморалиште Карталкаја, округ Болу, северозападна Турција, во кој загинаа 78 лица, а 130 беа повредени, јави БТА.

11 лица осудени на доживотен затвор поради пожар во хотел во турски скијачки центарОсудени на доживотен затвор под строг режим за смртта на 34 деца се сопственикот на хотелот Халит Ерѓул, неговата сопруга Емине Ерѓул и нивните ќерки Елиф Араз и Џејда Хаџибекироглу, кои се дел од менаџерскиот тим на хотелот.

Истата казна им беше изречена и на генералниот директор Емир Арас, на менаџерот Зеки Јилмаз, на заменик-градоначалникот на Болу, Седат Ѓуленер , и на директорот на друг хотел, Ахмет Демир.

Другите тројца, за кои судот во Болу ги осуди на доживотен затвор под строг режим, се финансискиот директор Кадир Оздемир, заменик-началникот на противпожарната служба Кенан Чошкун и пожарникарот Ерфан Аџар.

Сите тие добија 44 казни од по 24 години и 11 месеци затвор за смртта на другите жртви, без право на намалување на казните.

ПредходнаХороскоп за петок: Емоциите се дивјат, шефот не слуша, а вие пукате по шевовите
СледнаКонечно: Центристичкиот Д66 победи на холандските избори