Имено, планот за воведување задолжително следење на содржината на апликации како што се WhatsApp, Signal и други платформи за пораки не доби поддршка од членките на ЕУ.
Новиот, компромисен предлог ќе се базира на принципот на доброволност.
Портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи ја поздрави одлуката.
Министерката за правда Стефани Хубиг изјави дека е задоволна од предлогот за продолжување на постојната практика на доброволен надзор.
Според неа, ова овозможува борба против злоупотребата на децата на интернет, но во исто време ги штити основните права на приватност.
Противниците на предлогот посочија на ризикот од широка контрола. За него се дискутира во ЕУ со години, откако Европската комисија го презентираше оригиналниот предлог во 2022 година.
Тој предлог предвидуваше автоматско следење на онлајн преписката со филтри за откривање на детска порнографија.
За ова, операторите треба да скенираат пораки, вклучувајќи слики и интернет-адресата на корисникот.
Сегашниот договор за доброволно скенирање на содржини истекува во април 2026 година. Тоа го зголемува притисокот врз ЕУ конечно да ги заврши долготрајните преговори.




