Од ноќеска на полноќ изборниот молк пред вториот круг од локалните избори. Во недела, 2 ноември, гласањето ќе се одржи во 32 општини и Град Скопје . Денеска гласаат прифатените категории (болни и изнемоштени, затвореници, лица во домашен притвор).

Каде ќе се гласа во Недела на втор круг локални избори
Град Скопје; Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново-Облешево, Чучер-Сандево, Шуто Оризари, Центар. (Алфабетски редослед)
Општини без гласање в недела повторување на постапката поради цензус
Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – таму ќе има нова изборна постапка за градоначалник во рок до 60 дена од објавата на конечните резултати.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко во рамки на 151. седница ги повика учесниците и медиумите да го почитуваат изборниот молк пред вториот круг на локалните избори, што започна ноческа на полноќ и апелираше сите граѓани да го остварат своето право на глас.
– Согласно изборните правила да го почитуваат изборниот молк, после 24 часот Исто така сакаме да апелираме сите граѓани да можат да слободно да го остварат своето право на глас, да излезат и да гласаат. Гласањето е лично и тајно, така што во согласност со сите насоки правила и процедури на ДИК да можат да си го остварат своето демократско право на глас, рече Кондарко.
Тој апелираше и до сите изборни органи, до избирачките изборни комисии и до општинските изборни комисии да ги почитуваат сите законски процедури и сите упатства во врска со постапката на гласање, и во врска со утврдување на резултатите во избирачките места. – Навреме да постапуваат и правилно да ракуваат со целокупниот доверлив и недоверлив изборен материјал, рече Кондарко.
Информираше дека во текот на денечниот ден, кој е ден за гласање, ДИК во три наврати ќе известува преку соопштенија за текот и излезноста на гласањето. Резултатите од утрешното гласање на болните и немоќните, на затворениците и лицата во старските домови не се бројат и не се објавуваат во сабота , туку заедно со останатите резултати в недела.
Во недела на 2 ноември на секои два часа ДИК ќе излезе со податоци за отворањето на гласачките места, за текот на гласањето и за одѕивот од гласањето. После 19 часот ќе се одржи прес-конференција за состојбата со излезноста до 18 и 30 часот, додека првичните неофицијални резултати што ДИК ќе ги добива сукцесивно од секое избирачко место по електронски пат веднаш по потпишувањето на записниците од избирачките места, исто како за првиот круг, ќе се објавуваат веднаш штом ќе пристигнат. Кондарко рече дека нивни очекувања се дека некаде околу 23 часот ќе бидат одржана и завршната прес-конференција каде што ќе бидат објавени поединечно сите резултати од гласањето во вториот круг од изборите.
Првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг ќе бидат објавени в понеделник попладне, кога ќе почнат да течат и роковите за евентуални приговори.




