Канадскиот премиер Марк Карни во понеделник изјави дека му се извинил на американскиот претседател Доналд Трамп за политичката реклама што предизвика реакција од американскиот лидер, објави Ројтерс.

Рекламата, нарачана од премиерот на Онтарио, Даг Форд, користи говор на поранешниот американски претседател Роналд Реган во кој тој предупредува дека царините би можеле да предизвикаат трговски војни и економска катастрофа.
Како резултат на рекламата, Трамп објави дека ги зголемува царините за канадски стоки, додека Вашингтон ги прекина трговските разговори со Канада.




