дома Uncategorized ФБИ спречи планиран напад во Мичиген

ФБИ спречи планиран напад во Мичиген

Неколку лица за кои се тврди дека планирале напад за време на викендот  се уапсени во предградијата на Детроит, Мичиген, САД, објави директорот на ФБИ, Кеш Пател, на социјалните мрежи, цитиран од АП.

ФБИ спречи планиран напад во МичигенПовеќе информации ќе бидат објавени подоцна.

Џордан Хол, портпарол на ФБИ во Детроит, изјави дека во моментов нема закана за јавната безбедност.

 Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, во „X“ изјави дека била брифирана од Пател. Таа рече дека е благодарна за „брзата акција“, но не даде детали.

Исто така, во мај, ФБИ соопшти дека уапсило маж кој со месеци планирал  да нападне американски воен објект во предградието на Детроит во име на групата Исламска држава (ИД). Човекот, Амар Саид, не бил свесен дека неговите наводни соучесници во заговорот биле тајни агенти на ФБИ.

ПредходнаПоранешниот градоначалник на Одеса во домашен притвор
СледнаЗавршија кампањите, денеска молк, утре гласаме