дома Македонија Апасиев: Ако треба да го опишам вториот круг – ВМРО стагнира, Левица...

Апасиев: Ако треба да го опишам вториот круг – ВМРО стагнира, Левица дуплира

Лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев и кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ вечерва изразија задоволство од постигнатите резултати од изборите.

– Ако треба да опишам со еден збор како помина вториот круг, тоа е – ВМРО стагнира, Левица дуплира. Од втора партија на ниво на Скопје, вечерва обзнанувам дека сме прва партија, дури и пред ВМРО-ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром. 66 проценти не излегоа на гласање, тоа е многу неинтелигетно решение. Две третини од скопјаните не гласаа, една третина гласаа. Од тие една третина, една петина одлучија за сите нас. Амар е новото лице на Левица, рече Апасаив.

Најави дека Левица ќе бара измени на Изборниот законик и поголема застапеност во Државната изборна комисија (ДИК).

– Ќе имате пекол во Собранието ако не го измените Изборниот законик и ако не ни дадете член во ДИК, рече Апасиев.

Кандидатот за градоначалник на Скопје рече дека во следните две години, Скопје самото ќе се мобилизира и на следните парламентарни избори Левица ќе претендира да биде прва партија во Скопје.

– На гласачите на СДСМ сакам да им порачам дека сметам дека ние сме вашата опција. После ова што се случи во Скопје, Левица ќе се врати посилна на следните парламентарни избори. Скопје ќе биде црвено, рече Мециновиќ.

 

ПредходнаВМРО-ДПМНЕ прогласи победа, Мицкоски со порака дека заврши времето на поделби и шерифи
СледнаЧистење на Скопје и реорганизација на јавните претпријатија, најавува Ѓорѓиевски