Актуелниот градоначалник на општина Центар Горан Герасимовски од СДСМ освои втор градоначалнички мандат. Тој го победи неговиот противкандидат од ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ.
– Да те изберат двапати за мене значи најголемо признание и чест, уште повеќе тоа за мене е највисока одговорност и чест која целосно ја прифаќам и ќе ја исполнам. Како победивме на овие тешки избори – победивме затоа што работевме четири години, а не 30 дена, затоа што тоа што го ветивме и го исполнуваме, изјави Герасимовски.
Општина Центар е една од шесте општини што ги освои опозициската СДСМ на овие локални избори.




