дома Македонија Изборниот ден без поголеми нарушувања, велат од ЈОРМ

Изборниот ден без поголеми нарушувања, велат од ЈОРМ

Изборниот ден поминал без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопшти вечерва Јавното обвинителство на Северна Македонија.

Доставено е само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Од Обвинителството информираат дека итно се дадени насоки за документирање на настанот кој претставува прекршок.

– И покрај мирниот изборен ден, Комисијата на Јавното обвинителство останува активна до целосно завршување на изборниот процес, а сите што евентуално имаат сомненија за кривично дело поврзано со изборниот процес тоа можат да го направат во сите јавни обвинителства во државава или на посебната електронска адреса izbori@jorm.mk, велат од ЈОРМ.

ПредходнаПомала излезност во однос на првиот круг на изборите
СледнаПодатоците од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат водство во Скопје и уште седум општини