дома Македонија Осум домашни набљудувачи во Шуто Оризари агитирале, ДИК им ги одзеде акредитациите

Осум домашни набљудувачи во Шуто Оризари агитирале, ДИК им ги одзеде акредитациите

Државната изборна комисија им ги одзеде акредитациите на осум домашни набљудувачи во Шуто Оризари за кои е добиена пријава за злоупотреба на беџовите, односно кои агитирале во училиште пред гласачки места.
Имињата ги објави Државната изборна комисија.
– Регистрирани биле следниве лица: Елвис Бајрам, кандидат за градоначалник од Сојузот на Ромите во првиот круг, Сеат Исмаил, кандидат за советник во Шуто Оризари, Валентина Бајрам, сестра на Елвис, Шабан Бајрам, Габриел Бајрам, Решад Сокол, кандидат за советник на Општина Шуто Оризари, Ќамуран Реунаред, Алмир Сали, кандидат за советник во Општина Шуто Оризари. На овие лица ДИК им издала акредатации за набљудување, согласно доставените податоци до нас и констатиравме дека овие лица го пречекориле Кодексот за набљудување за лица кои треба непристрасно да се однесуваат на гласачките места и вршеле агитирање на гласачките места, рече претседателот на ДИК Борис Кондарко.
За случајот е известено Министерството за внатрешни работи.

ПредходнаРастечки тренд на напади врз новинари во регионот, мал број пресуди
СледнаПомала излезност во однос на првиот круг на изборите