дома Македонија Податоците од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат водство во Скопје и уште седум општини

Податоците од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат водство во Скопје и уште седум општини

Податоците што ги објавува аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека нивните кандидати водат во Град Скопје, Карпош, Аеродром и во уште неколку други општини.

Според овие податоци, Орце Ѓорѓиевски, кој е кандидат за градоначалник на Скопје освоил 34.734 гласови, додека неговиот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ има 16.835 гласови.

Во општина Карпош каде има најголема излезност од скопските општини, води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски кој има 4.750 гласа наспроти актуелниот градоначалник Стевче Јакимовски кој има 3.914 гласа.

Првичните резултати од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека нивниот кандидат води и во општина Аеродром каде Дејан Митески освоил 4.130 гласа, а неговиот противкандидат Александар Трајановски има 1.560 гласа.

ПредходнаИзборниот ден без поголеми нарушувања, велат од ЈОРМ
СледнаЛевица: Се води мртва трка во Скопје