Заврши гласањето од вториот круг на локалните избори. Излезноста до 18:30 часот на ниво на држава е 40,45 проценти што е помалку во однос на првиот круг кога излезноста до 18:30 часот била 46,65 проценти.
Најголема излезност од скопските општини има во Карпош – 48,09 проценти, а најмала во Сарај – 11, 45 проценти и Чаир – 13,71 процент.
Најголема излезност на ниво на држава има во Росоман – 77,51 процент.




