дома Македонија Растечки тренд на напади врз новинари во регионот, мал број пресуди

Растечки тренд на напади врз новинари во регионот, мал број пресуди

Денеска се одбележува Меѓународниот ден за борба против неказнивоста за злосторства врз новинари, но мрежата SafeJournalists предупредува на загрижувачки регионален тренд односно многу пријавени и непријавени инциденти, мал број изречени пресуди и голем број случаи кои сè уште се во постапка.
Во Северна Македонија, во 2025 година регистрирани се три случаи, сите пријавени во Министерството за внатрешни работи. Еден случај — нападот врз екипата на ТВ Алсат — заврши со осудителна пресуда за напаѓачите, а останатите два се сè уште во постапка: еден во рамки на МВР, а другиот пред обвинителството, соопшти Здружението на новинари на Македонија.
Најголем број случаи се евидентирани во Србија – 238, во Косово се евидентирани вкупно 63 во периодот од 1 јануари до 31 октомври, во Албанија 36 случаи. Во Хрватска се запишани 24 случаи, во Босна и Херцеговина во базата на SafeJournalists во 2025 година се регистрирани 30 инциденти против новинари и медиумски работници, а во Црна Гора 22 случаи.
Од мрежата SafeJournalists ги повикуваат сите институции да обезбедат побрзи истраги, ефективно гонење и конзистентно санкционирање, како и заштитни механизми кои гарантираат безбедност на новинарите и пристап до правда.

ПредходнаХороскоп за недела: добри вести, хармонични врски и можности за релаксација
СледнаОсум домашни набљудувачи во Шуто Оризари агитирале, ДИК им ги одзеде акредитациите