Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Пентагон се подготвува за акција против Нигерија по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Да, господине. Убивањето невини христијани во Нигерија – и насекаде – мора веднаш да престане. Министерството за војна се подготвува за акција. Или нигериската влада ќе ги заштити христијаните, или ние ќе ги убиеме исламските терористи кои ги извршуваат овие ужасни злосторства“, напиша Хегсет на платформата X.
Тој, исто така, го прикачи претходното соопштение на Трамп за неговата подготвеност да преземе акција против африканската земја.
Во саботата, Трамп ги обвини нигериските власти за злосторства против христијаните и се закани дека САД би можеле да „влезат“ во африканската земја.




