дома Македонија Црна хроника Борби со кучиња во битолско Црнеец, поведена постапка

Борби со кучиња во битолско Црнеец, поведена постапка

Поведена е постапка против двајца македонски државјани кои се сомничат за организирање борби со кучиња. Со постапката се опфатени и еден грчки и еден косовски државјанин кои се во бегство.
Осомничени се 44-годишен македонски државјанин кој бил посредник во организацијата на борбите со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите. Тие се товарат за кривично дело „убивање и мачење животни“.
На 1 ноември во вечерните часови, заради користољубие, грубо злоупотребувале куче од расата „пит бул”, сопственост на осомничениот грчки државјанин, наведувајќи го да се бори со куче од расата „американски стафорд“, сопственост на осомничениот косовски државјанин.
Во борбата кучето од расата „пит бул” се здобило со угризи од другото животно. Борбата ја следеле и други лица од Косово, Грција и од Македонија, кај кои полициските службеници пронашле парични средства во различни апоени на евра и денари, а двајцата сопственици на кучињата по пристигнувањето на полицијата избегале. Тие се идентификувани и по нив се трага.
Побарана е мерка притвор за македонските државјани, но судот одлучил да им определи куќен притвор. Битолското обвинителство најавува жалба.

ПредходнаПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови
СледнаЧетири жени ќе седнат на градоначалничката фотелја