Триесет и тригодишен возач од Скопје синоќа удрил во жена пешак на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје и избегал.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека подоцна возачот е приведен на локалниот пат за Средно Водно, а 79-годишната жена се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
– На 02.11.2025 во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А (33) од Скопје удрило во пешакот М.М. (79) од Скопје и го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.



