дома Македонија ДУИ ќе организира конгрес до 20 декември, за оставки не е разговарано

ДУИ ќе организира конгрес до 20 декември, за оставки не е разговарано

До 20 декември ДУИ ќе одржи партиски конгрес, одлучи денеска Централното претседателство на партијата. На седницата одржана во партиското седиште во Мала Речица не станало збор за оставки по изборните резултати.

– Дискутиравме за политичките развои и внатрешните развои во ДУИ, за колицијата итн. Имајќи предвид дека истечен рокот и за партиски конгрес, соочувајќи се со овие политички развои во државата, одлучено е до 20 декември да се организираа партиски конгрес, изјави потпретседателот и портпарол на партијата Арбер Адеми.

Адеми рече дека не се разговарало за оставки имајќи предвид дека ќе имаат внатрепартиски избори.

– Вчера на прес-конференцијата претседателот Ахмети кажа дека ја примивме пораката. На национално ниво сепак, остануваме најголемата политичка опција со над 23.000 гласа повеќе. За некои општини, да, тоа е резултат што веќе го имаме што вчера беше соопштен пред јавноста. ДУИ влегува во процес на обнова и затоа се организира и партиски конгрес кој ќе треба да биде одржан до 20 декември, изјави Адеми.

ПредходнаУапсен возачот кој денеска усмрти велосипедист
СледнаЦрна Гора ги поскапува сите видови горива од полноќ