дома Бизнис Евростат: Во Европа има 13,25 милиони невработени

Евростат: Во Европа има 13,25 милиони невработени

  Во еврозоната, стапката на невработеност измерена според методологијата на Меѓународната организација на трудот (ILO) во септември изнесувала 6,3 проценти, исто како и во претходните два месеца, покажуваат пресметките на Евростат.

Евростат: Во Европа има 13,25 милиони невработениНа ниво на Европската унија, стапката останала на нивото од август, кога според ревидираните податоци на статистичката служба изнесувала 6 проценти.

И во септември минатата година еврозоната бележела стапка на невработеност од 6,3 отсто, додека во целата ЕУ таа изнесувала 5,9 отсто.

Според проценките на Евростат, во септември во ЕУ без работа биле речиси 13,25 милиони граѓани, од кои повеќе од 11 милиони во еврозоната.

Шпанија и во септември останала единствената земја со двозначна стапка на невработеност – 10,5 проценти. Потоа следи Финска со 9,8, а близу е и Шведска со 8,7 проценти.

Најниска невработеност имале Чешка и Малта, со стапки од 3 отсто. Во оваа група се и Словенија и Полска, со стапки од 3,1 и 3,2 проценти.

ПредходнаПремиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел
СледнаЕК во извештајот за проширување на земјава: Постигнат значителен напредок во спроведувањето на реформите