Победничка атмосфера во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош. Со зурли и тапани се свират и пеат македонски патриотски песни, се слави победата на Сотир Лукровски

Од атмосферата што владее во штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош / Фото: „360 степени“
Нивниот кандидат за градоначалник, Сотир Лукровски, прогласи победа, по што на местото веднаш започна голема славје. Со зурли и тапани, но и со факели приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ ја славеапобедата врз Стефчо Јакимовски
„Уште утре одиме во општина“ се пошегуваа присутните. Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во Општина Карпош се обработени 86,49% од гласовите води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски со 11.845 гласа, наспроти Стевчо Јакимовски од ГРОМ („Искуство за успех“) со 10 592 гласа.




