дома Македонија Оставка поднесе претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров

Оставка поднесе претседателот на општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ и претседател на општинската организација на партијата Костадин Ацевски поднесе неотповиклива оставка од функцијата поради лошите резултати на изборите.
Во виде обраќање што го објави на Фејбук, Ацевски повика оставка да поднесе и целото раководство на СДСМ.
– Иако се вложив целосно, без калкулации, сепак резултат е лош. Поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на општинската организација. Верувам дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Филипче и целото раководство на СДСМ. Не самоз аради лошите резултати, туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период, вели Ацевски.
Лидерот на партијата Венко Филипче вчера рече дека не планира да понесе одговорност. Најави кадровски промени во партијата и одржување на конгрес.

ПредходнаВозач удрил во пешак и избегал
СледнаОтворете ги вратите на “осмото чудо на светот”